Архиепископ Охридски и Македонски Гаврил

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Г.Г. Гаврил (р. Ѓорѓи Милошев, во Скопје, 17 април 1912 - 4 март 1996), третиот архиепископ после возобновувањето на Македонската православна црква.

Архиепископот Гаврил започнал со подготвувањето за издавање на Новиот завет во далечната 1949 година. Тој скоро сиот свој живот го помина, вложувајќи ги своите знаења и сили во просветителското дело на Република Македонија како државен чиновник, но никогаш не беше далеку од Црквата, туку беше близок соработник на архиереите и на црковните служби. Започнатите проекти од архиепископот Доситеј-изградба на Светиклиментовиот храм во Скопје и издавањето на Библијата на македонски литературен јазик, ќе останат како животни дела.

Архиепископот Гаврил, се повлекол од тронот во 1993, поради неговата старост и кревко здравје.

Извори