Шаблон:Цитат

Од Православна-енциклопедија

Ревизии од 22:46, 12 април 2009; Iacovibus (Talk | придонеси)
(разл) <Претходна ревизија | видете ја тековната верзија (разл) | Следна верзија> (разл)
Скокни на: навигација, барај

Оти, со ништо друго смртта не е уништена, и прародителскиот грев не е простен, и адот не е опустошен, и воскресението не е дарувано, и сила нам не ни е дадена да го презреме сето она што е сегашно, па дури и самата смрт, и со ништо друго не е остварено искачувањето кон некогашното блаженство, и портите рајски не се отворени, и нашата природа не е седната на десната страна на Бога, и не сме постанале чеда и наследници Божји, отколку со Крстот на нашиот Господ Исус Христос. Сето тоа е остварено преку Крстот. Оти, сите кои во Христа се крстивме, вели Апостолот, во смртта Негова се крстивме (Рим 6,3). Зошто, вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте (Гал 3,27). Христос, пак, е Божја сила и Божја премудрост (1 Кор 1,24). Но, видете, смртта Христова, односно Негово Распетие нѐ облече во ипостасната мудрост и сила Божја.

„Правилно излагање на Православната вера“ 4,11

Свети Јован Дамаскин

Лични алатки
pan-wiki Google Пребарај