Целив на мирот

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Целивот на мирот е дел од Литургијата кој денес е целосно изгубен меѓу народот, а се сочувал во случајот кога сослужуваат повеќе свештенослужители. Целивањето се врши крстообразно, и свештениците си целиваат рака еден на друг, достоинствено, без брзање и без претерување во искажување на смирение.

За време на целивот на мирот треба се пее избран стих од седумнаесеттиот псалм („Ќе Те возљубам, Господи, крепост моја!“) во поспор ритам, за да се покрие самиот чин на разменување на Целивот на мирот. Во случај кога служи само еден свештенојереј, одговорот на народот е она што му претходи на исповедањето на верата, повторно во контекст на единството на верата и заедницата на љубовта („Отецот и Синот и Светиот Дух, Троица Единосуштна и неразделна“).

Оваа статија е дел од серијата
Света Литургија
Проскомидија Проскомидија | Литургиски садови | Одежди
Литургија на огласените Голема ектенија | Антифони | Мала ектенија | Мал Вход | Тропар | Трисвето | Апостол | Евангелие | Беседа | Сугуба ектенија | Заупокоена ектенија | Ектенија за огласените
Литургија на верните Херувимска Песна | Голем Вход | Прозбена ектенија | Целив на мирот | Символ на верата | Анафора | Епиклеза | Прозбена ектенија | Оче наш | Причестување | Заамвонска молитва | Отпуст | Антидор
Уреди ја кутијата