Свети апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем

Од Православна-енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Овие свети апостоли се едни од Седумдесеттемина. На апостол Клеопа му се јави воскреснатиот Господ на патот за Емаус. Терциј го запиша посланието на Св. апостол Павле до Римјаните (Рим. 16, 22) и заврши маченички како епископ Икониски, после апостолот Сосипатар (под 10 ноември). Свети Марко (наречен Јован: Дела 12, 12), ѝ е син на благочестивата Марија, чијшто дом им беше засолниште на апостолите и на првите христијани. Тој е и роднина на Варнава. Беше епископ во самарискиот град Аполонијада. Јуст му е син на праведниот Јосиф. Заедно со Матиј беше избиран на местото на Јуда Искариот, но не беше избран. Како епископ пострада за Евангелието во Елефтеропол. Свети Артем беше епископ во Листра Ликаонска, а се упокои мирно.


Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.

Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница.

Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki.

Лични алатки
pan-wiki Google Пребарај