Свети Иларион Мегленски

Од Православна-енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Свети Иларион Мегленски е роден од угледни и побожни родители. Неговата бездетна мајка долго Му се молеше на Бога да ѝ даде едно дете и по нејзините молитви ѝ се јави Пресвета Богородица и ја утеши со зборовите: „Не тагувај, ќе родиш син и тој многумина ќе обрати кон светлоста на вистината.“

Кога Иларион имаше три години, од неговите усни непрестајно се слушаше песната: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот!“ Добро школуван, тој се замонаши во својата осумнаесетта година и основа манастир со типикот на Св. Пахомиј. Трновскиот архиепископ Евстатиј во 1134 година го ракоположи за епископ Мегленски. Св. Иларион речиси сиот живот водеше голема борба против богомилите и против ерменските еретици. Но со својата духовна ученост и со својата светост неспоредливо ги посрами сите и мнозина од нив ги приведе кон Православието. Се упокои мирно во Господ во 1164 година.


Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.

Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница.

Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki.

Лични алатки
pan-wiki Google Пребарај