Свети Игнатиј, патријарх Цариградски
Од Православна-енциклопедија
Свети Игнатиј беше син на царот Михаил Рангава. За патријарх дојде после Св. Методиј во 846 година. Во 858 година го симнаа од престолот и го пратија во прогонство. На негово место стана патријарх првиот царев секретар, Фотиј. Но кога на царскиот престол дојде Василиј Македонецот, тој повторно го врати Св. Игнатиј на патријаршискиот престол. Св. Игнатиј управуваше со Божјата Црква со голема ревност и мудрост. Го изгради манастирот на Св. Архангели, во којшто се упокои во Господ во осумдесет и деветтата година од неговиот живот на земјата.
| Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.
Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница. Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki. |

