Преподобен маченик Јоасаф
Од Православна-енциклопедија
Преподобниот маченик Јоасаф беше ученик на Свети Нифонт, цариградскиот патријарх. Се подвизуваше на Света Гора. Имаше толку љубов кон Христа, што сите подвизи му се сторија недоволни, заради што сакаше да пострада од љубов кон својот Господ. Затоа отиде во Цариград, каде што јавно пред Турците ја исповеда својата вера во Пресвета Троица и во Синот Божји. Огорчени Турците му ја отсекоа главата на 26 октомври 1536 година.
| Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.
Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница. Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki. |

