Преподобен Лот

Од Православна-енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Преподобен Лот беше голем мисирски подвижник. Современик на Светите авви Арсениј Велики и Агатон. Се подвизуваше во својот манастир близу едно езеро крај градот Арсиној и на патот кон спасението раководеше со мноштво браќа. Негов близок другар и советник беше авва Јосиф. Еднаш Лот му рече на Јосиф: „Авво, постам колку што можам, ги држам молитвата и безмолвието и богомислието, и според својата сила се чувам од скверните помисли. Што уште, значи, да правам?“ Тогаш Старецот стана, ги крена рацете кон небото и неговите десет прсти заблескаа како десет пламени јазици. Па му одогвори: „Ако сакаш, сиот биди оган!“ Откако Му угоди на Бога и многумина ги поучи на патот кон спасението, Св. Лот се упокои мирно во 5 век.


Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.

Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница.

Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki.

Лични алатки
pan-wiki Google Пребарај