Епитрахил

Од Православна-енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Eпитрахил навратник(грч: επιτραχήλιον, од επι - на и τραχήλος - врат); е најважниот дел од свештеничката одежда без која свештеникот не може да изврши ниту едно свештенодејство исто како и ѓаконот без орарот. Епитрахилот се става околу вратот и се спушта надоле преку градите а, завршува под колената, односно подоле од колената. На средината двата дела од епитрахилот левиот и десниот се спојуваат со копчиња. Се шие и изработува во различни бои според богослужбените потреби, често пати е украсен со рачни везови. Најчесто по целата негова должина се везат крстови. Епитрахилот всушност настанал од орарот, така што орарот се обвива околу вратот, и двата краја се спуштат споени надоле до под колената. Така всушност епитрахилот е споен на два орари, со оставен отвор за главата во неговиот горен дел. Епитрахилот освен што е одежда на презвитерот таа заедно со омофорот е најважна одежда и на епископот.

Во дамнина епископот при ракополагање на ѓакон за свештеник крајот од ѓаконскиот орар што се спушта на плеќите го префрлал на десното рамо така што двата краја да висат нанапред. Свештеникот го става епитрахилот околу вратот кога извршува некое свештенодејство или обред, а за вршење на света литургија исто го поставува околу вратот но откако ќе го облече стихарот, значи над стихарот. Кога го облекува свештеникот епитрахилот го целива и го благословува со раката кажувајќи ја следната молитва ”Благословен е Бог кој ја излива Својата благодат на Своите свештеници, како миро на главата кое се слива на брадата, брадата Аронова, која се слива на полите од одеждите негови”.

Епитрахилот има символично дејство, имено тој ја означува двојната благодат на Св.Дух, која му се дава на свештеникот во моментот на ракополагањето, како и синџирите со кои Господ Исус Христос бил врзан околу вратот кога бил носен при Понтиј Пилат, а со тоа и потсетување на свештеникот дека и тој зел бреме врз себе да помага во спасението на поверената му паства.

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Интеракција
Donate

Please consider supporting OrthodoxWiki. FAQs

Алатник
Други јазици